речник контакт

Здравствениот персонал во велешка болница во униформи со различна боја

Докторите во бело, сестрите во сино, болничарите во сиво, технички персонал во вишно

Петар Печков

Од неодамна здравствените работници во велешката болница добија униформи во различни бои. Ова за да се знае кој на  каква позиција работи.

Досега често се случуваше за доктори да бидат прогласувани сите кои носеа бели мантили во оваа здравствена установа. Поради ова   воведени се униформи и сите се со различна боја, според работното место.

Така докторите се во бели мантили, медицинските сестри во сини, болничарите во сиви а техничкиот персонал во  боја на вишна.  Униформите се распределени и вработените имаат обврска да ги носат.  

Сега пациентите ќе можат полесно да ги препознаваат  вработените, кој на која професија припаѓа, па се очекува дека нема да има повеќе грешки.  За оваа новина од Болницата додаваат дека било набавено само платно  а униформите биле шиени во нивната работилница. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »