речник контакт

Зелената коалиција повторо активирана

Градоначалникот Коцевски побара поддршка на концептот за одржлива урбана мобилност, здруженијата побараа велосипедски и пешачки патеки и субвенции за велосипеди

Петар Печков

Градоначалникот Аце Коцевски побара за поранешната Зелена коалиција му ја даде поддршката за нов урбан Велес.  На средбата на граѓанскиот локален совет во проширен состав на која присуствуваа 30-на претставници на граѓанските организации, здруженија на граѓани кои работат во области од јавен интерес, градоначалникот Аце Коцевски ги презентираше концептите за одржлив урбана мобилност и развој на паметен град.

 Тој со проектот кој го презентираше и на оваа група граѓански здруженија, кажа како го гледа да се развива Велес. 

 Централното подрачје би било пешачка зона, делот на улицата од Сармаале до Кружниот тек и споменикот на Коњаникот би бил затворен за сообраќај а улицата Гоце Делчев и Страшо Пинџур би биле двосмерни, со тоа што треба да се реши  тесното грло кај кривната кај рампата. Во централното градско подрачје примат би добиел пешаците а возилата да се истиснат, да не се користат во толкав обем. По пешаците би биле велосипедистите, па јавниот превоз и дури потоа автомобилите.  Целта е да се избегнат овие сообраќајни гужви, кои во наредниот период само ќе се зголемуваат ако ен се преземе нешто конкретно - кажа Коцевски.    

Тој ги пренесе искуствата од  Љубљана и Загреб каде неодамна престојувал токму заради увид како градот функционира со оваа одржлива мобилност.  Тој најави и зонско паркирање, велосипедски патеки,  поттикнување на велосипедизмот и пешачењето, еколошки јавен превоз со електрични возила и воведени линии до највисоките зони на градот

Велес треба да биде добар за нашите деца, Велес може да биде пионер во овие области -рече Коцевски кој нагласи дека додека во Европа и светот овие стратегии се водечки во развојот на градовите, за жал во Македонија се уште не се применуваат. 

Претставниците на велосипедскиот клуб МВК Сашко Ванчевски и на велосипедското здружение Велес Бајкинг Зоран Јаневски, побраа заради ширење на велосипедизмот локалната власт да субвенционира купување на велосипеди, оти бројката на велосипедисти во градот била околу 1,5 до 1,8 илјади.  Тие побараа и велосипедски патеки во околината на градот. 

Претставниците на Спортското планинарско друштво ,,Чеплес,, Тодорче Ѓоргиев и на еколошката групација Зелена сила Игор Смилев побараа пешачки патеки. Конкретно до врвот Свети Илија или Вршник и тие да бидат осветлени и уредени, за да има каде велешани да рекреираат.   

Поранешната Зелената коалиција ја сочинуваа: Фондацијата Фокус, Извидничкиот одред ,,Димитар Влахов, Организациаја на жени од Велес,  Еколошката групацијата Зелена сила, Здружението на лица со церебрална парализа, Друштво на родители за здраво поколение,  Еколошкото друштво ,,Вила зора,,.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »