речник контакт

Земји во кои се живее најдолго

Светскиот просек е 71 година, но во овие земји се живее над 80. Како живеат, со што се хранат, жителите на овие држави?

Петар Печков

Истражувачите низ историјата ја барале фонтаната на младоста. Таа фонтана уште не е пронајдена, но постојат неколку места во светот каде што луѓето живеат подолго од светскиот просек од 71 година. Секое од овие места има своја тајна за долговечноста.

1. Јапонија
Во оваа земја просекот е 83 години живот. Окинава се нарекува „Местото на бесмртните“. Долговечноста се припишува на локалната диета, која вклучува големи количини на тофу и сладок компир, како и мала количина на риба.

2. Шпанија
Медитеранска диета, богата со маслиново масло, зеленчук и вино. Ова придонело кај Шпанците просекот да изнесува 82,8 години живот. Но, тие имаат уште една тајна: „сиеста“.Тоа значи дека работните часови се организирани така што луѓето или имаат половина час пауза за јадење или, пак, два до три часа, па тогаш одат во ресторан или дома и јадат здрав оброк. Исто така, луѓето во Шпанија многу се движат, постојано се на велосипед или пешачат.

3. Сингапур
83,1 е просекот на живеење во оваа земја. Има најниска стапка на морталитет кај мајки и новороденчиња. Културата и урбаната средина исто така придонесуваат за долговечноста. Многумина вежбаат, а и се во постојано движење. Во земјата дури има и терапевтски парк, за намалување на стресот. Цигарите и алкохолот чинат многу повеќе отколку во другите земји.

4. Швајцарија
Во оваа земја просекот на живот е 81 година. Тоа е една од најбогатите европски земји, со здравство од висок квалитет. Поради преубавата природа и многуте места за релаксација,жителите успеваат да го редуцираат секојдневниот стрес преку чести прошетки во природа.

5. Јужна Кореја
Просекот на живот е 90 години. Се јаде храна која го намалува холестеролот, го зголемува имунитетот и служи како превенција при канцер. Корејската храна е богата со хранливи вредности. Будистичкиот начин на размислување исто така им помага за намалување на стресот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »