речник контакт

Земјоделските површини во Општина Лозово 20 дена без капка вода, иако акумулацијата Калиманци е полна

Водата стигнала во четвртокот, но доцна, сушата го намалила родот

Петар Печков

Откако 20  и повеќе денови, земјоделските култури на површните во Општина Лозово  беа без вода за поливање, земјоделците велат дека водата  стигнала во четвртокот, но предоцна. Штетите се големи и ненадоместливи од сушата.

Во најжешкиот период летово, кога температурите се искачуваа над 40 степени, земјоделските култури во западниот  дел на Овче Поле останаа без вода. Селаните од Дорфулија, Каратманово, Милино, Лозово се лути и разочарани, што и покрај годинашниов нивен труд  и мака,  ќе останат без род.    

„Чудно  е, езерото Калиманци е преполно со вод а ние останевме без неа. Никако да стаса до нас, како најоддалечени.  Кога беше врнежливо вода по каналите имаше и потоа наеднаш пресуши, ја снема. Ова што ни се случи е катастрофа. Се изгоре, се е џабе. На овие температури толку дена без вода, целиот род отиде“ - велат жителите од овој крај. 

Тие се скромни, не барат секој ден да има вода по каналите, велат доволно е да ја има 4-5 дена па потоа и една седмица да ја нема, доволно ќе било.  
Тука се  одгледува пченка, пченица, луцерка, лозје, тутун, нешто сончоглед.  В

одата од акумулацијата Калиманци,  до западниот дел од Овче Поле, најоддалечениот дел од системот Брегалница,   патува повеќе од 90 км.

За земјоделците е нејасно, како тоа каналите толку време суви а вода во езерото да претекува.  Раководителот на подружница „Брегалница“ од Кочани Благојчо Богатинов објаснува дека вода се пушта.

„Вода пуштаме  и ја  има, но некаде исчезнува. Не се почитувал планот за наводнување, планирам  да ангажирам мобилна служба за обезбедување на водарите, за да може да се пронајде каде и кој ја користи нелегално  водата од ХС Брегалница. Јас сум тука нов, неколку дена и дадов приоритет на  површините од Општина Лозово и таа таму стигна во четвртокот“ - вели Богатинов.  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »