речник контакт

Земјоделците од Овче Поле предупредуваат да не се пренаменува земјоделското земјиште во градежно, заради поставување фотоволтаици

Стручњаците посочуваат не треба да се претерува за поставување на голем број на фотоволтаици, потребна е стратегија за нивна изградба

Петар Печков

Земјоделците од Овчеполието реагираат на  зголемениот број на површини каде се поставуваат фото-волтаици. Во овој рамничарски регион, поради големиот број на сончеви денови во годината,  зголемен е интерес за добивање на електрична енергија со фото волтаици.

Тоа  принуди голем број заинтересирани фирми да бараат пренамена на површните и да  купуваат земјиште за изградба на овие капацитети за производство на електрична енергија. Земјоделците стравуваат дека земјоделските површини се претвораат во градежни парцели.

„Не сме против фотоволтаиците, но тие да се постават на земјиште од седма класа, тоа што е најмалку квалитетно. Се дава земјиште од прва, втора класа каде ние леб произведуваме, каде стока одгледуваме. Сега и таа земја ли да ни ја земат. Има доволно површина од седма класа, каде тие може да се поставуваат“ - вели Љубе Атанасов во името на бројните земјоделци од Овче Поле.  

Од Општина Свети Николе потврдуваат дека има зголемен интерес за дозволи за изградба на фотоволтаци на градежни земјиште. Но негираат дека не се води сметка за земјиштето кое се доделува за изградба.

„Секое барање кое е до четврта класа кое е плодно земјиште, Советот на Општина Свети Николе ги одбива. Тие се површини со систем на наводнување и не дозволуваме таму да се градат овие капацитетите за производство ан електрична енергија. Сепак ние сме земјоделски крај “ - кажа Дејан Владев градоначалник на Свети Николе.

Досега во оваа општина, која го зафаќа најголемиот дел од Овче Поле биле издадени 15 дозволи за изградба на фотоволтици, со моќност  мегават часови, од 15 на површина од 15 хектари.Во процедура биле нови 15 барања  за кои  Советот нa Општина Свети Николе треба да се одлучува. 

Дел од плодното Овче Поле припаѓа и на Општина Лозово. Од локалната власт информираа дека досега кај нив нема интерес за поставување на фотоволтаици и пренамена на земјоделското во градежно земјиште.  

Стопанственикот Кочо Анѓушев, кој има капацитети за производство на електрична енергија,  предупредува дека не треба да се претерува за поставување на голем број на фотоволтаици. Потребна ни е стратегија за нивна изградба.

„Добро е кога се градат капацитети  за енергија преку  обновливи  извори. Тоа се ветерни електрани, мали хидроелектрани до 10 мегавати, гасни биогасни електрани, фотофолтаици. Ние сме еуфоричен народ. Така сега се градат фотоволтаици. Но не смее  да се оди  со нив  во недоглед. Тие произведуваат енергија од април до септември, од 9 до 17 часот.   Ако се изградат голем број, ќе се случи да имаме поголемо производство во овој период, отколку што ни се потребите“ - предупредува Анѓушев, кој е редовен професор на Техничкиот факултет во Скопје.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »