речник контакт

Земјоделците од Росоман и Градско ги прекинаа протестите поради хаваријата на системот за наводнување „Макарија“, по ветувањето дека ќе биде поправен за 45 дена

Додека се поправи системот, земјоделците ќе чекаат врнежи од дожд

Петар Печков

Земјоделците и овоштарите од Росоман и Градско ги прекинаа блокадите на регионалниот пат градско - Прилеп, откако им било ветено дека  ќе се изврши санација на хаваријата на системот „Макарија“ преку кој нивните површини се поливаат со вода.  Ова дошол лично да им го соопшти Министерот за земјоделие Љупчо Николовски заедно со  професори од Градежен факултет од Скопје.

„Вода за наводнување на површините во Росоман и Градско од околу 3.000 хектари ќе има. Експресно го обезбедуваме решението за санација на оштетувањето на цевководот Макарија. Во најкус можен рок ги ангажираше сите соодветни институции, при што ургентно беа донесени измените на Програмата за водостопанство 2023 и Инвестициската програма на АД Водостопанство заради обезбедување на средства за реализација на решението со кое ја запазуваме сезоната. Земјдоелците абараа 1.200 л/сек  а ќе добијат 1,700 л/сек“ - порача министерот Николовски.

На засегнатите земјоделците од Росоман и Градско, професорите од Градежен факултет Скопје извршиле презентација на техничкото решение за надминување на проблемот предизвикан од оштетувањето. Со ова решение од траен карактер ќе се обезбедат дополнителни количини вода над бараниот минимум од 1.700 литри/секунда.

„Добивме ветување дека  работите ќе бидат завршени за 45 дена, што било најбрз можен рок. Добро е што биле купени цевки за  систем во Тетовско, па тие ќе се искористат за „Макарија“.Во спротивно  ќе беше невозможно оваа година да се издржи. Ако сега се набавувале цевки, ќе траеше со месеци.  “ - велат жителите од Росоман. 

Додаваат дека иако од најавите за почеток на санацијата минале пет дена, досега немало никакви градежни активности  на местото каде е случена хаваријата.

На прашањето  како ќе ги поливаат сега културите, велат зависело  од времето, досега не служело и  наредниот период  метеоролозите најавувале дождови. Локалните власти во двете општини Градски и Росоман биле задолжени да формираат комиси, кој доколку е потребно ќе излегле на терен за да констатираат штети од   сушата, предизвикана од не поливањето поради хаваријата на системот „Макарија. Тоа се случи на 27 мај.  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »