речник контакт

Земјоделците од ланското невреме во велешко се уште не се обесштетени

Проценките на стручните комисии беа дека во Општина Велес и Општина Лозово има штета од 3,1 милиони евра на 5,7 илјади ха површина

Петар Печков

Земјоделците од велешко се уште не го добиле обесштетувањето од невремето кое ги зафати општините Велес и Лозово, пред година и половина. Тоа се случи на 13-ти јуни 2018-та кога според проценките на стручните служби во двете општини,  поројниот дожд, градот, ветерот направиле ,,обемна,,  штета   од 190 милиони денари,   150 милиони денари во општина Лозово и 40 милиони во општина Велес.   

Освен што досега не добиле обесштетување, земјоделците ќе почекаат до исплатата, оти постапката биле во тек, најави Николче Бабовски директор на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, при посетата на населба Чашка. 

Треба да се заврши цела процедура. Проценките одат до второстепена Владина комисија, оди во Биро за судски вештачења,  кое кажува колку е точната вредност на штетата. Потоа Владата носи одлука со  колкав процент ќе биде  обесштетени земјоделците и која надлежна институција ќе го спроведе. До таа фаза уште не сме стигнати - изјави Бабовски, кој лани и самиот беше на лице место, да се увери во  катастрофалните последици и од невремето. 

Кај правните лица штетата од ланското невреме  е поголема  со 121 милиони, додека кај физичките лица е 69 милиони денари. Големи штети претрпеа  неколку големи субјекти, грозјето на ,,Зегин,, житариците на,,Агриа,, и ,,Уни Агро,,.  Штетата е регистрирана на 5,7 илјади хектари, 3,3 во Лозово и 2,4 во велешко. Најголеми штети има во селата  Каратманово, Дорфулија, Милино, Лозово и Иванковци. Тие се констатирани кај  житариците - јачмен, пченица, пченка, овес,  но и кај лозјето, овошките и градинарските култури.  Во двете општини пристигнале вкупно 1,1 илјади пријави од штетени правни лица и физички лица -земјоделци.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »