речник контакт

Земјоделците очекуваат годинава ланска откупна цена на сончогледот, која беше рекордна како и зголемување на засеаните површини

Се бара начин како да се помогне на единствениот производител на масло за јадење од сончоглед во земјава, Маслодајна, откако цената на сончогледот падна а таа го откупи по рекордно висока. 3аедничката средба на одгледувачите на сончоглед, на велешката Маслодајна, која единствена во земјава го откупува сончогледот и министерот за земјоделие

Петар Печков

Земјоделците кои одгледуваат сончоглед  очекуваат годинашните откупни цени на оваа индустриска култура да бидат на ланското ниво и да бидат засеани  20  отсто повеќе површини.  За ова беше разговарано  во Велес, на заедничката средба на одгледувачите на сончоглед, на велешката Маслодајна, која единствена во земјава го  откупува  сончогледот  и министерот  за земјоделие Љупчо Николовски.

„Ги слушнавме условите, тие се во ред за нас земјоделците. Лани имавме сигурност дека родот ќе биде откупен, на времено исплатен, покриени се трошоците за работа.   Очекувам дека ќе има зголемен интерес за сеидбата која започнува во средината на март, за површините кои ги оставивме есеноска“ - кажа   Никола Петковски претседател на Здружението на производители на сончоглед. Ланската откупна цена беше 33 денари  за  килограм.

Велешката фабрика за масло за јадење го откупи целиот лански род на сончогледот во количина од 11 илјади тони. И уште во јануари годинава  родот  е исплатен кон земјоделците. Ланското откупено количество беше рекордно последните десетина години.

„Очекувам дека ќе има зголемени површини  и род на сончоглед годинава. Од наша страна како фабрика најавувам дека ќе го откупиме целото количество на род. Целта е да бидеме што помалку увозно зависни, да не ни се случи како лани, кога имаше забрани за извоз на сончоглед, да  зависиме имаме проблеми со снабдувањето со масло за јадење“ - кажа  Горан Лазов, директор на велешка Маслодајна.  

Откупениот род минатата година беше по висока цена, која тогаш ја диктираше светска берза. Сега таа е драстично намалена, па се бара начин како да се помогне на единствениот производител на масло за јадење од сончоглед  во земјава.

„Со измени на Законот за  земјоделство и рурален развој, каде се овозможува субвенционирање на каматните стапки, преку програмата за рурален развој, ќе имаме можност државата да помогне“  - изјави Љупчо Николовски министер за земјоделие.
Цената на маслото за јадење, како еден од основните прехранбени продукти единствено падна на пазарот,за една година од 170 денари на 90 за литар шише.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »