речник контакт

Земјотрес го стресе Скопје се почувствува и во Велес

Силината во магнитудата била 5,2 степени. Во градот преплашени граѓани и досега една пријава за оштетување

Петар Печков

Околу  15,10 часот силен земјотрес го стресе Стајковци, близу Скопје.  Според медитеранската сеизмолошка станица земјотресот бил  со магнитуда од 5,2 додека според американскиот 5,1.  Се случил во 15:10:07 ч.

 Земјотресот ги изнесе дел од  велешани од домовите, од високо катниците,   во дворовите , пред зградите. Повеќето уплашени од последиците  кои може да ги предизвика земјотресот.  До 17ч. во Центарот за управување со кризи пријавен еден случај на оштетување, во Башино село.

Во брзата помош петмина граѓани, исто така до 17ч. побарале помош поради силна вознемиреност.  Земјотресот беше почувствуван со бучава и силно нишање. 

Еве ја информација на медитеранската сеизмолошка станица 

Magnitude mb 5.2

Region FYR OF MACEDONIA

Date time 2016-09-11 13:10:07.2 UTC

Location 41.98 N ; 21.50 E

Depth 4 km

Distances 6 km E of Skopje, Macedonia, / pop: 475,000 / local time: 15:10:07.2 2016-09-11 

7 km NE of Сопиште, Macedonia, / pop: 9,500 / local time: 15:10:07.2 2016-09-11 

4 km NE of Usje, Macedonia, / pop: 1,100 / local time: 15:10:07.2 2016-09-11

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »