речник контакт

Зимата започнa на 21.12.12 во 12,12

Денот e најкус само 9 часа и 7 мин.

Петар Печков

Петок на 21 декември во 12,12 часот во Македонија и на северната полутопка почнува зимата. Во исто време за жителите на јужната полутопка почнува летото. Тоа е најран датум на почеток на зимата уште од 1896 година. Во тој момент, на северната полутопка сончевите зраци ќе паѓаат најниско над хоризонтот, а највисоко ќе бидат на јужната полутопка.

Затоа,  на северната полутопка ќе биде најкус ден во годината, а на јужната полутопка ќе биде најдолгиот ден. Во Македонија, најкусиот ден ќе трае 9 часа и 7 минути. Сонцето во Скопје ќе изгрее во 6 часот и 58 минути, а ќе зајде во 16 часот и пет минути. Зимата на северната полутопка е најкратко годишно време и трае околу 88 дена, два до три дена покусо од другите годишни времиња. Зимата ќе заврши на 20 март 2013 година во 13 часот и две минути, за време на пролетната рамноденица.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »