речник контакт

Зимскиот распуст започнува в среда

Учениците од средно и основно на зимски одмор до 19-ти јануари

Петар Печков

Училиштата во државата оваа година го почнуваат зимскиот распуст ден порано, на 31 декември,  односно в среда не се  оди во школо.  Распустот завршува на 16-ти јануари, но бидејќи првиот работен  ден  19-ти  е Водици и е неработен, учениците на училиште ќе се јават на 20-ти.   Министерот за образование Абдилаќим Адеми вели дека распустот почнува порано, зашто така е направен планот со работни денови за школите.

"Секоја година треба да има 180 работни денови. Според календарот за работа што е усвоен и доставен до училиштата на почетокот на учебната година, на 31 декември почнува распустот. На 20 јануари завршува, односно учениците тогаш се во школо", вели Адеми.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »