речник контакт

Злата Мегленска 26 октомври

Од времето на турското владеење владеење во Македонија позната е единствената светителка - маченичка од Македонија,Злата Мегленска

Петар Печков

Света Злата е родум од село Слатино, Мегленско во Егејска Македонија, од сиромашни родители. Еднаш, кога беше излегла по вода, ја пресретнаа некои бесрамни Турци и ја одвлекоа во својата куќа.

Еден од нив и понуди да се потурчи и да му стане жена, но света Злата му одговори: јас во Христос верувам и тој ми е младоженец,  од него нема никогаш да се откажам. Тогаш дојдоа и нејзините родители и сестри и ја убедуваа да се откаже од Христос и да ја прифати понудата на Турчинот, но таа и тогаш не се согласи.

Тогаш Турците ја ставија в затвор и во тек на три месеци секојдневно ја камшикуваа. Најпосле ја обесија на дрво, а нејзиното тело го исекоа на парчиња. Света Злата Мегленска пострада во 1796 година.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »