речник контакт

Златен медал за квалитет на маслото КРИСТАЛ на 90-тиот Меѓународен саем во Нови Сад

Ново признание за квалитетот на велешкото масло за јадењсе

Петар Печков

Од 20-26 мај  во Нови сад  Србија се одржува 90-тиот Меѓународен земјоделски саем. Оваа година саемот слави јубилеј 100 години од постоењето,  исто колку и  велешки Кристал 1923- Маслодајна. Покрај изложбениот дел во рамките на саемот се доделуваат награди за квалитет.

ПИ Кристал 1923 оваа година кога исто слави јубилеј од 100 години од постоењето  доби „златен медал  за квалитет“ за маслото Кристал,  во групата на сончогледови масла за јадење.

„Оваа награда е потврда за квалитетот на маслото Кристал  и многу сме задоволни  поради тоа  што е добиена од  потврдена и акредитирана меѓународна институција за Баланот  за оценување на квалитетот на прехранбени производи .Оваа   награда многу ни значи  и е потврда за квалитетот кон кој секогаш се стремиме и континуирано инвестираме и вложуваме“ - велат од Маслодајна.

Велешката компанија  беше редовен учесник на овој саем, но последните години паузираше.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »