Петар Печков
Објавено: понеделник, 21 октомври 2013
Во организација на Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија - СПАТУМ, по 34-ти пат во континуитет од 1980 година се организираше изложбата на пронајдоци, иновации, нови технологии, нови производи, технички унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки и младинско креативно творештво МАКИНОВА 2013, придружено со 11-тата изложба на иновации, пронајдоци и идеи и чија цел е подобрување на животната средина - ЕКОНОВА 2013.
Во рамките на изложбата на МАКИНОВА 2013 ССОУ „Коле Неделковски“се закити со златен медал. Него го освои ученикот Андреј Михајлов за автоматзиран преносен систем кој работел под менторство на професорот Никола Дечев.
Манифестациите се одржаа на Скопскиот саем, во рамките на ТЕХНОМА, во периодот 15-19 Октомври 2013 година.
Tweet |