речник контакт

Змија отровница касна жител на Извор

Поскокот го каснал додека работел в поле. Со брза интервенција на докторите човекот е спасен

Петар Печков

Пред седум дена жител на селото Извор, велешко бил каснат од змија. Човекот кој со  сопругата работел во поле, отровниот  поскок  го  каснал  за прстите  од раката. По  ова веднаш со сопругата заминал во Болницата во Јасеново, од каде   бил препратен во Инфективното  одделение при Болницата во Велес. Од таму ја  потврдија ова вест, со тоа што дополнија дека пациентот добил серум и неопходна  терапија, по што на негово барање, по  неколку часа  си заминал дома.   

Останува на луѓето кои работат по полињата да бидат внимателни и доколку се случи да бидат  каснати, веднаш, набргу што можат да бидат префрлени на доктор – објаснува  д-р Роза Стојанова инфектолог од Заразно одделение при ЈЗУ  Општа  Болница  Велес .

Од таму  објаснуваат дека  имаат доволно  ампули на против зимски  отров за   остатокот од годинава. Ова е втор случај на каснување  на змија во  велешко годинава. Првиот беше  за жител од  селото Бузалково, кој остана запишан што  се случи невообичаено рано уште во март на  30-ти, што досега не се случило.  

Минатата година во велешко  имало пет случаи на каснување од змија и  сите пациенти навремено добиле против змиски отров и биле спасени.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »