речник контакт

Знамето на Здружението Андон Ќосето на Градскиот саат

Локалната власт не дала дозвола, се оградува

Петар Печков

На една од знаменитостите на Велес, Градскиот саат   во текот на вчерашниот ден,  одреден период  беше поставено знамето на Здружението ,,Андон Ќосето,,.  На јавни површини и објекти, без  согласност на локалната власт не може да  се закачуваат други обележја освен државните и општинските  е законската регулатива.    По некое време знамето го снема, остана само на Република Македонија. 

Македонското знаме е поставено  поради одбележувањето на годишнината од Солунските атентати и оддавање почит на Гемиџиите.  За ова другото ниту го имам видено, ниту некој барал дозвола ниту добил. Ќе испитам што се случило – изјави градоначалникот Славчо Чадиев, на прашањето од ТрМр за поставувањето на ова знаме.  

Тој негираше дека и македонското знаме е поставено по барање на некое здружение, туку напротив по негова иницијатива.  Знамето на  здружениот на Ќосето две дена беше актуелно по фесјбук профилите.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »