речник контакт

Зошто доцни изградбата на затворениот пливачки базен во Велес

Директорот на Агенцијата на млади и спорт Каевски, најави дека треба да започне до средината на годинава

Петар Печков

Изминатата година дена, жителите на Велес во повеќе наврати ги слушнаа најавите дека градот ќе добие покриен базен. Но и покрај силните најави, досега нема ништо од овој проект. При неодамнешниот престој на директор на Агенцијата  за млади и спорт, чија инвестиција треба да биде, беше можност изворно да се слушне, зошто не се почнати активности за покриен базен во Велес.  

Изградбата на 14  покриени пливачки базени се одвива во две фази. Почнати се да се градат шест базени, Велес како град не е во оваа група. Во периодот од мај - јуни ќе започне изградбата и на останатите осум, каде е опфатен  и Велес. Рок на изградба е 18 месеци, така што за две години Велес ќе добие покриен пливачки базен. Тој ќе биде енергетски ефикасен, наменет за сите граѓани, но пред се за учениците и најмладите генерации - изјави Дарко Каевски директор на   Агенцијата  за млади и спорт. 

Градоначалникот Аце Коцевски, даде дополнителна информација, каде ,,заглавила,, постапката, зошто Велес не е во првата група градови, кои ќе добијат покриен пливачки базен. 

Проблемот не е во Агенцијата за млади и спорт ниту во локалната власт. Понекогаш има бирократски бариери  од службеници во државните институции, кои тешко  може да се надминат и траат и мошне долго.  Првичната идеја беше базенот да биде лоциран во најголемото ОУ во општината Васил Главинов, бидејќи проектот се вика, училишни покриени пливачки базени. Но од министерството  за образование и наука, не ни дадоа согласност тој да биде таму лоциран.  Ваков проблем има и другите општини. Затоа преминавме на друга ,,Б,, варијанта со носење на ДУП за Градски парк и вцртување  на базенот на локацијата до  постојниот отворен Градски базен. Верувам дека за месец, месец и пол ќе го донесеме тој ДУП. Се надевам дека до рокот кој го кажа директорот, ќе издадеме одобрение за градба. Потоа би ја известиле Агенцијата за   млади и спорт, за да може да почне  изградбата на покриениот базен- кажа градоначалникот Коцевски. 

Димензиите на малиот покриен пливачки базен  најавени се  дека треба да бидат 20 х 30 со 5,6 метри височина, додека на водената површина  е 25 х 9 метри со четири пливачки ленти и длабочина од 0,80 до 1,20 м.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »