речник контакт

Зошто е откажан концертот на Жељко Јоксимовиќ

Концертот на Жељко Јоксимовиќ, закажан за петокот навечер во салата 25 мај не се одржа. Причина за ова е што...

Петар Печков

Концертот на Жељко Јоксимовиќ, закажан за петокот навечер во салата 25 мај не се одржа. Причина за ова е што организаторот на турнејата на српската поп ѕвезда низ Македонија, Рака Мариќ и неговиот пулен во Скопје Христијан Тодоровски ги зел парите и џипот и изчезнал.

- Петокот попладне добив смс порака дека не е во можност да ги организира концертите во Велес и Битола  се повлекува и толку. Не ми е пријатно кон велешката публика кој со нетрпение го очекуваше концертот, јас и се извинувам за овој настан. Ветувам дека ќе дојдам повторно во сопствена организација и тоа наскоро - изјави Јоскимовиќ во спортската сала 25 мај каде тој беше присутен се до 20 часот заедно со двесет члената екипа од Белград. Во шега на заминување додаде, добро е што не дојдов со Филхармонијата, колку тогаш трошоци ќе направев.

Претходната вечер тој одржал одличен концерт во салата во Куманово а по Велес, турнејата завршувала во Битола.

Информациите велат дека петокот претпладне организаторот Христијан Тодоровски бил во Велес и од девојките што ги продаваат картите во градот ги земал парите од 130 билети од 650-те што дототаш биле продадени. Кај него биле и парите од концертот во Куманово, каде не била исплатена познатата сега балканска поп ѕвезда Жељко Јоксимовиќ. Кај организаторот бил и џипот кој спонзорот на турнејата низ Македонија го дал на користење на Јоксимовиќ.

Поради ова Тодоровски е пријавен во велешката полиција бидејќи ги одзел парите и џипот а концерт не се одржал. Тужба кон организаторот најави и ЈП Спорт парк, кон која организаторот фирмата „Рака Мариќ“ не го исплатил надоместокот од 50 илјади денари за тоа што салата била резервирана.

Ова беше прв концерт во овој објект по 20 години пауза, откако тука во 80-тите години на минатиот век, свиреа Бијело Дугме, Парни Ваљак, Бајага, Црвена Јабука, Плави Оркестар и многу други групи на ех-Југославија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »