речник контакт

Зошто жените и мажите се закопчуваат на различни страни

Постојат разни теории како почнало сето тоа, кој на лево, кој на десно

Петар Печков

Не е можно со сигурност да се утврди кога и зошто дошло до тоа машката и женската облека да се закопчува на различни страни. Постојат разни теории како почнало сето тоа, а ова се некои од нив.

Според една најпозната теорија, се почнало во 19 век кога жените од високата класа имале помош при облекувањето, па фустаните шиени за нив имале копчиња од левата страна, за да можат нивните слугинки полесно да ги закопчаат со десна рака.

Подоцна тоа станало вообичаено. Оваа теорија има свои недостатоци. Првиот е тој дека многу жени немале слугинки кои би им помагале при облекување, меѓутоа тоа може да се објасни со тоа дека жените од повисоката класа биле трендсетерки, па останатите дами ја следеле таа мода без оглед што тоа за нив не било практично.

Но и мажите кои припаѓале на високата класа тогаш имале помошници кои им закопчувале копчиња на оделата, па копчињата останале од десна страна. Уште еден недостиг на оваа теорија се однесува на прашањето зошто тоа не се случило порано, бидејќи тоа била пракса во тек на цел 18 век, а повторно промената на страната на која се наоѓаат копчињата не се случила се до првата половина на 19 век, а во втората половина тоа станало стандард.

Втора интересна теорија вели дека копчињата на женската облека се поставени од лева страна, жените да мора да ја користат левата рака, што требало да укаже на тоа дека тие се наоѓаат под мажот според својот општествен статус. Меѓутоа, за оваа теорија нема докази, а и таа има сериозни недостатоци. Имено, многу жени сами си ја шиеле облеката со копчиња од левата страна, па се поставува прашањето зошто тие самите со тоа би се ставале во подредена положба.

Третата и најверојатно теорија е многу слична на првата, меѓутоа се разликува во еден важен детал. Копчињата биле од левата страна поради тоа што жените од високата класа не се облекувале сами, но не затоа што сакале да ја олеснат работата на слугинките, туку затоа што сакале со тоа да истакнат колку се богати и не мора сами да се облекуваат. Иако овој тренд почнал во првата половина на 19 век, во 1840-50 години, се уште се шиела женска облека со копчиња на десна страна, а шансите дека ќе налетате на копчиња од лева страна биле пола-пола. Меѓутоа од 1860 речиси цела женска облека имала копчиња од лева страна, а тоа се поврзува со напредокот на технологијата, т.е. со усовршување на машините за шиење. Тогаш облеката почнала да се произведува индустриски, а производителите го прифатиле трендот на леви копчиња.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »