речник контакт

Зошто нема превод на странските канали на кабелската телевизија

Сведоци сме дека согласно важечкиот Закон за радиодифузна дејност, единствено операторот Кејблтел...

Петар Печков

Сведоци сме дека согласно важечкиот Закон за радиодифузна дејност, единствено операторот Кејблтел ги исклучи титловите на странските програмски сервиси кои имаат обезбедено титлови на повеќе јазици, изјави маркетинг директорот на оваа компанија, Горан Поповски, по повод упатената протестна нота од Европската Комисија до Министерство за култура и до Министерството за транспорт и врски.

Единствена цел на прес-конференцијата беше надминување на директниот конфликт на одредбата од македонскиот Закон за радиодифузна дејност и Европската директива за аудиовизуелни медиумски сервиси. Со одредбата во нашиот Закон за радиодифузија операторите се задолжуваат реемитираните странски програми да ги преведат на македонски јазик или на јазикот на националностите, или пак програмите да се реемитираат во изворна форма, што е спротивно на Европската директива која обезбедува слобода на реемитирањето, без никакви државни ограничувања.

„Подготвени сме да ги преземеме сите потребни чекори за побрзо усогласување на нашето законодавство со европската регулатива. Бараме од сите надлежни институции да се заложат за фер пазарни услови, особено за компании кои во целост ја следат законската регулатива. Ние сме странска инвестиција која се соочува со проблемот на нелојална конкуренција“, додаде Поповски.

Тој потенцираше дека нема самоиницијативно да бидат вклучени странските титлови, но побара додека да се обезбеди превод на сите содржини на Македонски јазик, да се дозволи реемитување на програми со титл на српски или на бугарски јазик. Воедно најави и започната постапка за преведување на Македонски јазик, прво на два, а подоцна и повеќе канали.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »