речник контакт

Зошто сакат да ја напуштат Македонија

Двеста средношколци од 14 града од Македонија со парада од Велес испратија порака до државата да размисли зошто 45 отсто од младите сакаат да ја напуштат земјава.

Петар Печков

Двеста средношколци од 14 града од Македонија од Велес испратија порака до државата да размисли зошто 45 отсто од младите сакаат да ја напуштат земјава. Младите кои во рацете држеа балони во црвена и жолта боја, симболите на државното знаме, се движеа низ градските улици, Тие беа испукани кога стигнаа пред споменикот на поетот Коста Солев Рацин.

Како би изгледала Македонија, доколку младината се исели од оваа држава. Зошто тие сакаат да си заминат. Младите мора да се вклучат во процесот на донесувањето на одлуките – побараа учесниците во парадата кои потоа со букви напишаа ,,45 отсто од младите сакаат да ја напуштат Македонија,,.

Парадата беше поттикната од загрижувачките резултати од истражувањето за социјалната вклученост и граѓанското учество на средношколците спроведено од Младинскиот образовен форум, кој беше и организатор на настанот Од градовите  младите во Струмица, Дебар и Скопје со задоволство би останале да живеат во нив, додека најнеподнослив е животот во Делчево, Велес и Штип.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »