речник контакт

Зошто шест месеци се чекало барањата на превозниците за автобуски јавен превоз во општината за повисока цена да се потврдат од Советот

Новите цени се повисоки за 40 отсто

Петар Печков

Новите повисоки цени на автобускиот јавен градски и општински превоз, на двете линии се потврдени од страна на Советот ма Општина Велес.

Иако мина половина година, откако тие возат повисоки цени и за 40 отсто, на седницата во четвртокот тие беа официјализирани од страна на институцијата, која ги определува цените. За ова реагираше советничката од опозициската СДСМ Пандорка Прличкова.

„Зошто се чекаше шест месеци за Советот да ги донесе овие нови цени. Барањата се поднесени   на 15 март. Исто толку време тие возеа со повисоки цени без одлука на Советот. Дури на крајот на септември, овој ценовник ни доаѓа на седница. Превозниците немаат вина, но зошто толку долго време барањето не е ставено на дневен ред“ - кажа Прличкова.

Одговорот го даде претседателот на Своето, Зоран Љутков.

„Сакавме сите превозници да ги достават своите барања. Откако се поднесени барањата, договаравме неколку пати да имаме состаноци со превозниците.  Средбата со нив и со таксистите, беше пред 15 дена, кога ги добивме сите барања. По што сите нив ги ставиме на дневен ред на оваа седница“ - рече Љутков. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »