речник контакт

И годинава нема да има род на праски и кајсии во Росоман и Градско поради ланската суша од хаваријата на системот Макарија

Општина Росоман не соопштува колкава е штeтата,во Општина Градско е 117 милиони денари

Петар Печков

Ниту годинава овоштарите  од регионот на Росоман и Градско нема да имаат богат и добар род. Од ланската суша поради хаваријата на системот Макарија, која се случи кон крајлот на мај лани, овошките и годинава нема да дадат род, предупредуваат земјоделците од регионот.

„Годинава немаше родни папки на кајсијата, праската имаше дупли праски. Плодот ја извлече водата од овошките и немаше доволно вода за да се формираат плодовите.  Тие  нема да бидат ниту за конзумирање, ниту за конзервната индустрија. Ќе има род, но ќе биде многу мал. И годинава ќе ги чувстуваме последиците од хаваријата на системот Макарија“ – кажа Владо Орданов, овоштар од Росоман.

Министерот за земјоделие Љупчо Николовски, лани  по хаваријата на системот Макарија им порача на општините Градско и Росоман да  побрзат и ги проценат штетите, што поскоро, за да може земјоделците да бидат обесштени, од сушата предизвикана од хаваријата на системот Макарија.

Од Општина Градско уште пред три месеци соопштија дека штетата кај нив е проценета на 117 милиони денари, за намалениот род  пред се на грозјето, кајсиите, праските, црешите. И по толку време, три месеци  од поставеното прашање градоначалникот на Росоман Стојан Николов не ја соопштува  проценатата штета за оваа општина

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »