речник контакт

И автобус е премал за шверцерите на мигранти, нов случај на илегален превоз овој пат со камион и приколка

Во случајот пронајдени се дури 87 лица мигранти

Петар Печков

Откако пред некој ден во автобус беа пронајдени 61 мигрант, во текот на вчерашниот ден, мигранти се пронајдени во камион со приколка. МВР со детали на настанот.

„На 9 јули  во 01.30 часот на автопатот кај клучка „Миравци“ полициски службеници од Полициска станица Богородица ги лишија од слобода М.Ј.(43) од Скопје и А.А.(26) од  Арачиново, скопско. Околу 00.10 часот при контрола во товарно моторно возило „ивеко“ со приколка, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј., во кое и сопатник бил А.А., пронајдени се 87 лица мигранти. Од нив 45 од Сирија, 39 од Пакистан, двајца од Конго и едно од Индија.  М.Ј. и А.А. се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“- соопштија од МВР.  

Лицата мигранти се спроведени во прифатно-транзитен центар. На 12 јуни 2020-та година во камион кај Милетково- Гевгелија во камион беа пронајдени 142 мигранти.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »