Петар Печков
Објавено: вторник, 30 октомври 2012
На трибината со Владата, минатата седмциа, велешките пензионери побраа да имаат еден или два дена бесплатен превоз на двете градски линии.
Како во Скопје, зошто не и ние во Велес да немаме можност бесплатно да е возиме. Сите сме исти и треба за нас таква поволност – велат велешките пензионери. Посочуваат дека станува збор за околу 10 илјади вакви лица во општината. Градоначалникот веднаш им одговори.
Локалната власт секогаш кога пензионерите побарале им дала бесплатен превоз до некоја дестинација. За овој случај треба да се обратите официјално преку Вашето здружение. Дојдете па ќе видиме што можеме – рече Горан Петров градоначалник на Велес.
Во Велес освен двете градски линии, едната низ градот, втората до градските гробишта, има и повеќе до дел од селските населби во општината Иванковци, Башино Село, но и соседните Чашка, Извор, Јасеново, Мелница. Лисиче од каде пензионерите исто така сакаат да се возат бесплатно.
Tweet |