речник контакт

И ветувал брак на 15 годишно девојче, а сексуално ја искористувал

Велешанецот Р.С. (32) еден месец живеел во вонбрачен живот со малолетно лице и сексуално го искористувал, за што заработи кривична пријава.

Петар Печков

Во периодот од 09 до 28.09.2010 година пријавениот во неколку наврати  со употреба на сила и закана  го присилувал малолетното девојче, кое било на 15 години возрас, да остане кај него во куќата и имал со неа сексуален однос.

Тие се запознале на 9-ти септември,   откако оштетената била физички нападната од друго лице. Р.С. убедувајќи ја дека сака да и даде поголема  заштита и да се одмори бидејќи била видно вознемирена, и предложил да влезе во неговата куќа. По кратко време кога девојчето сакало да си оди дома, пријавениот најпрво почнал да и изразува љубов и побарал да остане и живее со него, односно да му биде жена.

Откако девојчето не се согласило, Р.С. со употреба на сила ја спречил. Од ваквите закани девојчето се уплашило, по што останало во куќата и ноќта ја поминале заедно. Пријавениот со употреба на сила го присилил девојчето да има сексуален однос со него. Истото го повторил уште во три наврата. Тоа успеало на 27 ми септември некако да му избега и го пријави случајот кај нејзините родители, а тие во полиција.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »