речник контакт

И вечерва во Велес протести

Протестираа ,,Протестирам,, и ,,ГДОМ,,

Петар Печков

 И вечерва на различни страни од градот проетст и контрапротест. На една страна од Нова населба тргна колоната на ,,Протестирам,, додека во центарот пред споменикот на Илинденците, собрани подржувачите на ГДОМ. 

Протестот граѓани поддржувачи на барањата за укинување на аболицијата и избор на техничка Валда, во Велес, започна пред кружниот тек кај „Авона“, од каде демонстрантите се движеа по улицата „Благој Ѓорев“, покрај кафе-баровите па се до центрато ан градот. Застанаа пред штабот на ОК ВМРО-ДПМНЕ каде со свирежи  ги искажаа нивните ставови и незадоволство од актуелната состојба во државата.

Граѓаните на Велес трет ден протестираат по улиците на Велес, покажаа дека има храбри, ечсни и достоинствени луѓе. Имаме нови барања меѓу кои се формирање кривично одделение во ОС Скопеј 1 задолжено за соработка со Специјалното јавно обвинителство,  вклучување на граѓанскиот сектор во преговорите за иднината на Македонија  - рече Дејан Ристов учесник во протестите, претставник на цивилниот сектор.    

 „Граѓанското здружение за одбрана на Македонија“  ГДОМ од центарот на  Велес упати пораки за мир и разбирање, да не се оди на агресија и да не се уништува она што е изградено.

Се собравме да им покажеме дека не се плашиме, дека ништо на овој свет не може да  не исплаши и дека се што треба да направиме ќе направиме за да си ја сочуваме оваа мила мајка Македонија.  Друга татковина ниту имаме ниту сакаме да имаме. Затоа сме тука  да го одржима зборот даден на нашите дедовци, дека ќе ја чуваме земјата и дека ќа ја оставиме   на теи што доаѓаат по нас. Немаме намера да кршиме, лееме маркднска крв. Овде сме собранид а кажеме дека  сите сме Македонци и ние  одлучуваме колку и тие и само преку волјата на народот може некој да ја води оваа држава  - рече Тони Михајловски претставник на ГДОМ. На насобраните граѓани им се обрати и Филип Петровски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »