речник контакт

И во Велес започна масовна вакцинација против ковид-19

Првиот ден се вакцинираше со „АстраЗенека“. Тие што се вакцинирале во Кавадарци, Скопје, Штип, бараат ревакцината да ја примат во Велес, да не прават трошоци за патување

Петар Печков

Во спортската сала на средното училиште Коле Неделковски, од денес и во Велес започна масовна вакцинација, за заштита од ковид-19. Пунктот беше отворен во 10 час. предвидени да се вакцинираат  се 400 граѓани до 16ч. сите на возраст над 60 години, кои се пријавиле на вакцинација.мк. 

Добиени се илјада вакцини, „АстраЗенека“, за утре е најавено дека ќе се добијат и „Синофарм“.Во процесот на  вакцинацијата се вклучени шест доктори и осум медицински сестри од Здравствен дом.

„Од денес сите жители на Велeс и околните општини, ќе добиваат термин за вакцинација во овој пункт, не во други градови. Тука  се врши прва вакцинација додека ревакцинацијата е во пунктот каде лицата ја примиле, Кавадарци, Штип, Скопје. Засега вакцинацијата оди според очекувањата,  не се регистрирани било какви проблеми“ - кажа Николче Димовски директор на Здравствен дом Велес.
Во овој пункт се вакцинираат жители на општините Велес, Градско, Лозово и Чашка. 

Градоначалникот на Велeс, Аце Коцевски, изрази голема благодарност кон бизнис заедницата, која како што нагласи, како ретко кога несебично помогнала за десетина дена пунктот да го опремат и  да почне со работа.

„Да се избориме во Велес да се вакцинираат граѓаните, кои првата доза ја примиле во некои од соседните градови. Тоа пред се тоа  се  повозрасни лица, кои мора да платат дополнителни трошоци за патување. Ние сме тука да им заштедиме,време, пари и нерви. Затоа апелирам до надлежните од Министерството за здравство да сторат се, во Велес да се вакцинираат сите граѓани, вклучувајќи ги и тие што се вакцинирале во друг град. Пунктот е опремен со 15 кабини и очекувам поголема количина вакцини за да може повеќе од илјада лица да се вакцинираат, а не како сега по 400 лица“ - рече градоначалникот Коцевски.

Во работата на пунктот се вклучени вработени од локалната власт како и волонтери од Општинскиот Црвен крст Велес, припадници на АРМ и од СВР Велес. Од утре продолжува ревакцинацијата на лица од Велес, кои веќе примиле вакцина, која ќе се одвива во просториите на Здравствен дом Велес, со по 90 термини на ден.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »