речник контакт

И во Велес ќе се собира помош за Украина

Утре и петок во термин од 10 до 18ч. ќе се донираат материјални средства

Петар Печков

И велешани ќе можат да им помогнат на граѓаните од воено зафатената  Украина. Од утре четврток, два дена, заклучно со петок во термин од 10 до 18ч. ќе донираат материјални средства.

Во овој период ќе може да се донира храна, која е конзервирана, лекови, млеко, пелени, облека, средства за лична хигиена.    Настанот се  организира од страна на украинското здружение „Лесја Украинка“. 

Објектот каде се донира е во просториите од поранешното кино 11 Октомври.  

„Ве замолувам, секој што има можност, да ни се придружите, да ни помогнете“- велат од Здружението. Во Велес и велешко има околу 15-тина Украинки, кои тука живеат. 

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »