речник контакт

И во Здравен дом Велес, почнаа испитувањата за присуство на д-демер и це-ер-пе во крвта на позитивните со ковид-19

Дневно ќе се примаат по 35 пациенти во терминот до 11 до 13ч.

Петар Печков

Освен во био-хемиската лабораторија во велешката Болница, од денес и во Здравствен дом, пациентите позитивни на ковид-19 можат да ги проверат присуството на Д-демерите и це-ер-пе во крвта.  Со ова многу ќе се олесни работата на лабораторијата во Општата болница, каде поради големиот број на заразени со корона вирус во велешко,  се чекаше за термин. Или некои од пациентите мораа да плаќаат за испитувања во приватни лабаратории во Скопје.

„Од денес работиме со пациенти кои се позитиви на ковид-19 и кои треба да испитуваат присуството на Д-димери, це-ер-пе во крвта. Тие доаѓаат преку „мој термин“ со упат од матичен доктор, во терминот од 11-13 ч по 35 пациенти на ден“ - кажа д-р Светлана Црнушева специјалист по медицинска биохемија, раководител на дијагностичка лабораторија при Здравствен дом Велес.

За оваа новина, биле известени матичните доктори  од Велес и соседните општини Градско и Чашка и првиот ден, денес,  сите 35 термини биле зафатени.  

„Освен ковид упатот, со новиот апарат кои го имаме можеме да работиме  хемоглобин А1Ц за пациентите дијабетичари,  гликоза орален тест  и ЛУ2 -дополни“ -др. Црнушева.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »