речник контакт

И во втората вонредна крводарителска акција во Велес, собрани 63 крвни единици, како и пред еден месец

Во денешната акција крв даруваа и 14 жени и пет лица за прв пат

Петар Печков

На втората вонредна крводарителска акција, одржана денес, беа собрани 63 крвни единици, соопшти организаторот  Општинскиот црен крст од Велес. Случајно, исто толку беа собрани и на првата вонредна кводарителска акција, одржана пред еден месец, на 15-ти април.  Поголем дел од дарителите или 49 беа мажи, а останатите 14 се од женски пол. Во најхуманото семејство, како првократни крводарители денеска се впишаа пет лица.

Ниту пандемијата од Корона вирусот не ги спречи крводарителите од Велес и околните населени места и денеска да ја покажат нивната хуманост. Голема благодарност до нив - рече Орце Николов, секретар на ОО на Црвен крст Велес.

Акцијата се одржи во просториите на Ликовен салон, со почеток од 9 до 14 часот а беше организирана во соработка со Институтот за трансфузиона медицина .На крводарителската акција се применуваа  мерките за безбедност поради вонредната состојба предизвикана од квоид-19. Во месец април забележани се 140 собрани крвни единици во одделението за трансфузиона медицина, што е невообичаено мала бројка за Велес, каде месечниот план  е 155 крвни единици.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »