речник контакт

И возот кон Кочани паузира

Железничкиот сообраќај со задоцнувања и ладни вагони. Отворена е чекалницата во Велес

Петар Печков

Патниците кои  ги користат услугите на Македонски железници се жалат на  големи доцнења, ладни возови.  Единствено на време и во загреани возови сообраќа локалот Велес до Скопје и обратно.  Сите останатите се со големи задоцнувања и студени купиња.  

Во четвртокот два и пол часа го чекавме возот за Битола, наместо во 14,30ч. дојде во 17 ч. Тој вечерниот и не тргна за Битола во  20.10.ч. Последниот воз во 22.33 е кочан студен, толку е ладно. За Кочани  не сообраќа неколку дена. Едноставно мошне лошо. Треба некој од раководните да дојде да се  вози, за да знае какви се условите – велат велешани кои ги користат услугите на МЖ.  

Од таму информираа дека од денес е отворена чекалницата на железничката станица во Велес и  таа прима патници. Патничкиот воз од и  за Кочани  во  17,33 и  5,00  ч. времено, поради студот и ниските температури е укинат. Најавуваат скоро негово враќање.  Веќе една недела не сообраќаат доцните експрес возови до Битола и Скопје во 23.07 и 01.35 ч.   Од МЖ –транспорт се извинуваат до патниците за неволјите со кои  с е судруваат.

Работиме во екстремно тешки услови и се трудиме во границите на нашите можности, а и повеќе од тоа, да го одржиме редовниот железнички сообраќај за разлика од нашите авто-патишта и останати сообраќајници во Републикава. На вака екстремно ниски температури откажуваат влечните средства, вагоните замрзнуваат, скретниците замрзнуваат, пукаат шини, пукаат цевки, има завеани колосеци, завеани пруги и слично - наведува МЖ - Транспорт

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »