речник контакт

И годинава велешките деца на рехабилитација на Пелистер

Околу 300 деца ќе имаат можност во август да поминат осум дена на климатска рехабилитација на Пелистер.

Петар Печков

Околу 300 деца со алергии, анемии, слаб имунитет и болести на респираторниот систем под покровителството на Министерството за животна средина и просторно планирање, а во организација на Друштвото на родители за грижа за здраво поколение ќе имаат можност да поминат осум дена на климатска рехабилитација на Пелистер.

Рехабилитацијата ќе се одвива во две смени од по 150 деца, а првата смена ќе почне на 3 август.

Претседателот на Друштвото на родители за грижа за здраво поколение, Сашко Андреевски информира дека родителите што сакаат да гои пратат своите деца на рехабилитација треба да достават потврда од лекар специјалист од 15 до 21 јули до Здружението.

Корисниците треба да уплатат партиципација од 2.700 денари која можат да ја подмират и на три рати во јули, септември и октомври. Децата  на социјално загрозените семејства со доставување на потврда дека се корисници на социјална помош ќе одат бесплатно.

На рехабилитација можат да одат деца до 14 години, а списокот со оние што ги исполнуваат условите ќе биде објавен на 23 јули

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »