речник контакт

И годинава на климатска Рехабилитација “ПЕЛИСТЕР 2015”

249 деца основци од Велес ќе одат на рехабилитација во две смени

Петар Печков

Друштвото на родители за грижа за здраво поколение (ДРГЗП), од Велес, оваа година по 14ти пат ќе ја реализира Климатската Рехабилитација “ПЕЛИСТЕР”.  Истата ќе се спроведе во две смени, од по седум дена, во Националниот парк Пелистер. Првата смена во периодот од 10 до 17 август 2015, додека втората смена  во периодот од 17. до 24. август 2015 година. 

Целна група на Климатската рехабилитација се деца од осум до четиринаесет години, кои имаат болести на срцето, проблеми со дишните патишта, алергии, анемии. Вкупниот број на посетители на Рехабилитацијата во првата смена ќе изнесува 130, од Велес, а во втората смена, 119 од Велес, како и по 27 од останатите три општини Кичево, Илинден и Кавадарци, кои се дел од Рехабилитацијата - вели Иванка Андова претседател на Друштвото на родители за грижа за здраво поколение.

Тимот на ДРГЗП, кој го подготвува и осмислува целиот проект, се состои од воспитувачи, координатори, како и медицински тим, кој е задолжен за здравјето на сите учесници на рехабилитација. 

Секоја година, се дава акцент на дневните прошетки, искористувајќи го благодатот на природата. За таа цел, секој ден се пешачи по Баба планина, најмалку по два часа, во претпладневните часови. 

Воспитувачите се волонтери од ДРГЗП, кои имаат стекнато претходно домашно и интернационално искуство во работата со деца и младинци. Секој ден во попладневните часови, се организираат работилници, во времетраење од два часа. Работилниците се осмислени на начин да бидат интересни за децата, прилагодени на нивната возраст, со цел активно да бидат вклучени во истите и на неформален начин научат нешто ново, но и да се дружат со своите врсници за време на истите. 

Проектот во континуитет е поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Велес, општествено одговорни компании од државата и членовите на ДРГЗП.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »