речник контакт

И градоначалникот Колев смета дека Ликовниот салон не е место за венчавки

Секаде во светот, чинот на венчавка се одвива во општината, таа треба да ги отвори вратите за младенците - вели Колев

Петар Печков

И градоначалникот Марко Колев смета дека Ликовниот салон не е место за венчавки. Ова доаѓа откако претходно директорот на Народен Музеј, Ангел Коруновски,на седница кажа дека Ликовниот салон треба да биде место за уметност. Народниот музеј   се грижи за Ликовниот салон, во однос на случувањата кои таму се одржуваат, не и за инвестициско одржување.

„Ликовниот салон не е место за венчавање. Тука има ангажирање на градоначалник, советници. Секаде во светот, тој чин се одвива во општината. Таа треба да ги отвори вратите  за младенците. Сметам  дека Општината треба да биде место каде ќе се изведуваат венчавките. Една од опциите е холот, тој да се уреди, како што доликува и тоа е местото каде со колегите сметаме  треба да се извршува“ – кажа Колев на седница на Советот, прашан од советникот Марјанчо Николов, каков е ставот на градоначалникот по ова прашање.

Пред 15 години венчавките одреден период се извршуваа во зградата на Општината. Кога се изведуваа градежни работи во прeнамена на Ликовниот салон.  

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »