речник контакт

И денес во велешко нема ново заразени, ниту има оздравени од ковид-19

Во Болница се згрижени 11 пациенти

Петар Печков

Во велешко нема нови случаи на позитивни на ковид-19, ниту има оздравени. Ова е билансот на Министерството за здравство за изминатите 24 часа.  Така останува вчерашната состојба која беше дека има 21 активен случај и досега заразени 5.468 лица.

„На кислородна поддршка се тројца пациенти. Испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест “- информираше д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.

Во велешка Болница се хоспитализирани 11 пациенти, од кои шест  се потврдени позитивни, тројца се  сомнителни и двајца  пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.   На Инфективно одделение  се шест а на Интерно пет пациенти.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »