речник контакт

И денес повеќе оздравени отколку нови случаи со корона вирусот

Во двете ковид одделенија од велешка Болница претпладнево имаше згрижено 28 пациенти

Петар Печков

Продолжува трендот на намалување на бројот на активни случаи со корона вирусот во велешко. Нови два  случаи на лица позитивни на ковид-19 и 19  оздравени. Тоа е билансот за изминатите 24 часа, кој го објави Министерството за здравство. Со ова  бројот на активни случаи во велешко, денес ги имаше  176. 

Во велешка Болница починал маж на 71 годишна возраст, кај која настапила поради  повеќе коморбидитети.  Тој е 263 жртва од велешко,  на корона вирусот.   

Во двете  ковид одделенија од велешка Болница  претпладнево  имаше згрижено 28 пациенти.  Од нив 18  се потврдени позитивни   со ПЦР тест, непотврден е еден  и седуммина   се   негативни, но со здравствени проблеми, па  имаат потреба од здравствена заштита.

„Нема  испишани пациенти како оздравени, примени се двајца  нови случаи. На  континуирана кислородна поддршка се 13 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

На Инфективно одделение згрижени се 23 пациенти и петмина на Интерно.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »