речник контакт

И денес починат пациент од последици на ковид-19

Во трите ковид одделенија од велешка Болница, вкупно се хоспитализирани 52 пациенти

Петар Печков

Почината е пациентка на 72 годишна возраст, од Велес, лекувана три  дена во Модуларната болница, соопштија од велешакта Болница. Тоа е  213-та  жртва во велешко, поради последиците од ковид заразата.  Во велешко изминатите 24 часа има четворица ново заразени и двајца оздравени. Или бројот на активни случаи е 332 лица.

Во трите ковид одделенија од велешка Болница, вкупно се хоспитализирани  52 пациенти, од кои  43 се потврдени позитивни, четворица се  сомнителни  и петмина пациенти  се со негативен тест но задржани на болничко  лекување.

Извршен е транспорт на пациент на  75 годишна возраст во Приватна Болница Жан Митрев Скопје. На кислородна поддршка се 30 пациенти. Испишани се петмина пациенти како оздравени со по еден негативен тест. На Инфективно одделение се згрижени  23 пациенти, на Интерно четворица и во Модуларна болница 25. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »