речник контакт

И докторите велат ,,НЕ,, за топилницата

И велешките доктори се против рестартот на топилницата за олово и цинк на постојната локација.

Петар Печков

Тие на трибина, ги посочија здравствените проблеми што ги имаат велешани, како резултат на три децениската работа на овој капаците на обоената металургија, кој неодговорно и без анализа, бил поставен среде град. Докторите како најповикани да говорат на маките на нивните сограѓани од работата на топилницата, зборуваа за многу пролеани родителски солзи, кои барале спас за нивните чеда.

Здравјето е најскапо. Не треба да ни се случуваат  и повторуваат грешни кој некогаш некој ги направил. Погледнете, колкумина наши сограѓани секојдневно шетаат со здравствена книшка под мишка. Тоа е наше секојдневие. Влијанијата на кадмиумот, оловото, сулфурната киселина врз човекот се штетни. Тие влијаат лошо по бубрезите, врз нервниот систем, предизвикуваат  леукемии, анемии. Индикативно е откако не работи топилницата,  трудниците во Велес повеќе не примаат  препарати на железо во текот на бременоста, што претходно не беше случај, туку  секојдневна појава – вели  д-р Лили Чолакова претседател на Здружението на приватните лекари.

Таа констатира дека доколку проработи топилницата, државата, поточно Фондот за здравство ќе дава повеќе пари за лекување на велешани, отколку што ќе има корист.  Докторите посочија дека се судруваат со зголем број на  пациенти со карцином на белите дробови, дебелото црево, анемии.

Ако сите разгледаме околу себе, ќе видиме дека сите ние имаме дадено некоја ,,жртва,,  за Велес , како резултат на работата на топилницата.  Тоа значи дека нејзината работа ја плативме со живот, тоа извинете на изразот се граничи со геноцид, бидејќи некој свесно уништува друг, заради свој профит. Може е сурово, но е вистинито. Како генетски ќе се одразат тие тешки метали, кои се собираат во нас. Кога ќе се случи експлозија, ќе биде доцна за сите нас – рече д-р Паула Медарова.

Докторите потсетија дека за да отворат еден здравствена амбуланта во зграда, потребна било согласност од повеќе од половината станари, па затоа прашаа каква согласност има ,,Метрудхем,, да ја реактивира топилницата.

Прашањето на топилницата не ги допира само нашите животи, туку  за животите на следните генерации и во чии име  не може никој да преземе било каква активност, за отворање на загадувачот. Заедно треба да се  избориме за еколошки чист Велес, кој ќе им го оставиме на наредните поколенија – рече Горан Петров,  градоначалник ма општина Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »