речник контакт

И клуб и тенисери има, ама терен нема

40-тина млади во Велес играат тенис но се судруваат со недостаток од терени

Петар Печков

Повеќе години во Велес постои и   постои  Тенискиот клуб  Борец. Настанал самоиницијативно ,на  радост на неколкумина ентузијасти кои   го сакале  белиот спорт.  Неговата  популарност  е во нагорна  линија  и се повеќе млади се собираат и тренираат на Ракометното игралиште во Градскиот парк.

Тренинзите  се одржуваат во сабота и недела,но термините често ни ги земаат рекреативците кои играат фудбал,па не можеме да дојдеме некогаш на ред. Кога е ладно времето трениравме во спортската сала на Хемиското училиште  Димитрија Чуповски и со нив имаме одлична соработка и разбирање. Кога е топло времето доаѓаме на Ракометново игралиште и тука играме,тренираме. Но,секогаш  сме на штрек да не заврне и тогаш нема тренинг  -вели Филип Раковски,тенисер со подолг стаж,освојувач на Тенискиот турнир Велес  опен.

Тренинзите се одвиваат во три групи од кои најмалата група е за деца- почетници ,кои имаат од 7 до 10 години, втората  до 15 години и третата е  за постарите младинци и сениорите.Вкупно се активни од 35-40 членови.

Многу од  новите членови се откажуваат поради условите во кои се одржуваат тренинзите. Понекогаш тие не се редовни поради дожд или термините ни ги окупираат  рекреативци  во фудбал. Започната е градба на два терени покрај Вардар ,во Градскиот парк,ама градбата е запрена и  ги замолуваме надлежните да побрзаат и да добиеме соодветно место за тренирање.Тогаш и повеке деца ке се зачленат и ке имаме место каде слободно да играме - во глас рекоа младите тенисери.

Да,тоа е најголем проблем! Терените! Тенисот е скап спорт,опремата сами си ја набавуваме,од членарина, од некои спонзори,но тоа нема да биде проблем ако имаме каде да играме.Еве,доброволно останувам и им помагам на помладиве да ги изработат вежбите на тренинг –вели Тамара.

Јас како дедо  стално го носам внукот на тренинг.Тука доаѓаат и повеке родители на овие деца,па се запознаваме и дружиме.И сите сме согласни – ова е начин како децата ке ги остават компјутерите,ке спортуваат,ке се развиваат,дружат,запознаваат. Можеби во некој од овие дечиња се крие идниот тениски шампион! Само треба да им дадеме шанса ,да создадеме услови.На Велес му требаат соодветни терени и добро е што еден ваков проект е веке започнат.Очекуваме терените да се завршат што поскоро и  нашите деца да имаат соодветни услови за работа- вели  Љубенчо Паунов пензионер.

Гледајќи со каков ентузијазам трчаат и го удираат малото зелено топче  овие млади таленти ја чекаат нивната  шанса.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »