речник контакт

И лани и јануари надпросечно дожд

Ако по утрото денот се познава...

Петар Печков

Статистиките кои ги објави УХМР покажуваат  дека 2014 година била најврнежлива во земјава во последните 64 години. Во јануари годинава пак, во поголемиот дел од Македонија наврнал дожд над просекот, а и измерените температури се над просечните за овој месец од годината . Анализите  покажуваат дека изминатата година била една од најврнежливите во последните 7 децении.

  Лани во земјава наврнал дожд за речиси три пати повеќе од просекот во изминатите години. На места како Гевгелија во текот на 2014 година наврнале 1.161 литар на метар квадратен, во Берово 1.039, Крива Паланка 966, Струмица 830 литри, Штип 803 и Прилеп 801 литар на метар квадратен.

За споредба, просечните годишни врнежи во Гевгелија изнесуваат 484 литри, Берово 431, Штип 348, Прилеп 291 и Струмица 267 литар на метар квадратен. Во текот на јануари во земјава во поголемиот дел е наврнат дожд над просекот, а и измерените температури се над просечните за овој месец од годината.

Во годините откако УХМВ ги врши мерењата, најдождлив јануари имало во  1963, 1966, 2003 и 2009, а најтопол во 2007. На 24 јануари во Крива Паланка се измерени 55,9 литри, што претставува апсолутно најголема измерена дневна количина на врнежи во јануари во оваа мерна станица од 1951 година.

Што се однесува до темепратурите, во јануари се движеа од -1,8 во Маврово до 5,7 во Гевгелија и претставуваат повисоки од многугодишните просечни вредности за 0,1 степен во Прилеп до 2,1 степен во Демир Капија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »