речник контакт

И лани секое трето бебе од Велес, родено е во Скопје

Останува трендот на породување на велешките жени во метрополата

Петар Печков

И лани како и во 2018-та година, секое трето бебе, со адреса од родителите на место на живеење во Велес е родено во Скопје. Бројките покажуваат дека од 365 бебиња 111 се родени на клиниките во Скопје.

Така останува трендот на породување на велешките жени во метрополата. За потсетување дека и лани една третина од породувањата биле извршени во Скопје а  во 2017-та и 2016-та четвртина од велешките новороденчиња биле родени во Скопје.

Ова се податоците од  ЈЗУ Здравствен дом, служба за превентивна здравствена заштита за предучилишните деца. Лани освен во Скопје, мали велешанчиња се родени во помал број, во други градови,   во Битола, Кавадарци, Струмица, Неготино и Штип. 

Овој тренд ги зафати  и селата, но и соседните општини. Додека во годините наназад жените од велешките села за породување оделе во акушерското одделение на велешка Болница, како и жените од соседната Општина Чашка, во 2019-та дел од нив решиле да се породуваат во главниот град. Така 15 отсто од бебињата во велешките села се родени во Скопје, од Општина Чашка 18 проценти.   Во Општина  Чашка има еден случај на породување во домашни услови.   

Лани во Општина Велес се родиле 600 бебиња што е за 62 помалку отколку во 2018-та година.  Во ЈЗУ Општа Болница Велес, на акушерското одделение во  2019-та биле родени  473 новороденчиња,  2018-та биле родени 505 бебиња,  што е далеку помалку отколку претходните години- во  2017-та  биле родени  649 а во 2016-та  651. Ова е податок според место на раѓање. Во акушерското одделение  на велешката Болница се породуваат жени и од Свети Николе, Лозово, Росоман, Неготино, Кавадарци. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »