речник контакт

И натаму во велешко повеќе оздравени отколку ново заразени со кoвид-19

Во велешка болница се намалува бројот на згрижени пациенти, денес има 33

Петар Печков

Продолжува трендот на повеќе оздравени отколку ново заразени со ковид-1`9во велешко. Здравствениот билтен на Институтот за јавно здравје  е со податок дека  изминатите 24 часа оздравеле  20 пациенти додека нови позитивни случаи има 16. Или бројот на активни случаи во велешко е 344.

Намален е  бројот на згрижени  пациенти во трите ковид одделенија од велешка Болница. Таму претпладнево имаше 33  пациенти, три помалку од вчера,   Од нив 27  се потврдено  позитивни со ПЦР тест, по двајца се  непотврдени  и   негативни, но со здравствени проблеми, па  имаат потреба од здравствена заштита.

„Примени се четворица нови пациенти, испишани како оздравени се шестмина  со по еден негативен тест.   На  континуирана кислородна поддршка се 13“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

На Инфективното одделение згрижени се 18, во Модулaрна болница  е 13  пациенти додека на Интерното одделение каде се сместени сомнителните случаи има двајца.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »