речник контакт

И натаму гори во Општина Чашка, три пожари сеуште актуелни

Гаснат и авионите канадери на Дирекцијата за заштита и спасување

Петар Печков

Според информацијата од Центарот за управување со кризи во поширокиот велешки регион има три пожари, сите во Општина Чашка.   Гори ниско стеблеста и деградирана  шума.  

Во општина Чашка, на планински предел во селата Лисец и Јаболчиште активни се авионите на Дирекцијата за заштита и спасување.

На планинскиот предел во селото Дреново, Велешко, активен е шумски пожар на непристапен терен за гасење. Од огнов кој ја зафанал шумата, изгореле 11 бандери за струја, поради  што дел од Општина Чашка е без електрична енергија.  

Под контрола е шумскиот пожар во селото Богомила, општина Чашка. Ангажирани се осум вработени и авионите од Дирекцијата за заштита и спасување. Во  петокот попладне огнот стигнал до селото, па жителите сами се  вклучиле во гаснењето  на огнот. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »