речник контакт

И натаму има граѓани кои не ја почитуваат обврската за носење заштитна маска

За три дена во Велес казнети 76 лица

Петар Печков

Иако обврската за носење заштитна маска е со месеци присутни, се уште има граѓани кои не ги носат, и така не се заштитуваат себе, своите блиски  и останатите.

СВР Велес објави дека во период 09./10.февруари  за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 48 лица, и тоа, 31 во Велес, десет во Кавадарци и седум во Неготино. 

„Против овие лица следуваат соодветни мерки“- најавија од СВР Велес. 

За споредба во истиот период полицијата казнила во Охрид-седум лица, во  Струга две , во Кичево-19 и во Дебар осум.

За илустрација во вторникот во Велес биле казнети 23 лица а во понеделникот 22.

Казната е 20 евра а ако се плати во рок од седум дена е двојно пониска.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »