речник контакт

И натаму опаѓа бројот на активни случаи со ковид-19 во велешко

Почината жена на 73 годишна возраст од последиците на корона вирусот

Петар Печков

Нови три случаи на лица позитивни на ковид-19 и осуммина оздравени. Тоа е билансот за изминатите 24 часа, кој го објави Министерството за здравство. Така и натаму паѓа бројот на активни случаи во велешко, денес ги имаше  194, 

Во велешка Болница починала жена на 73 годишна возраст, кај која настапила смртта два час по хоспитализирањето а имале повеќе коморбидитети.  Таа е 262 жртва од велешко,  на корона вирусот.   

Во двете  ковид одделенија од велешка Болница  претпладнево  имаше згрижено 26 пациенти.  Од нив 18  се потврдени позитивни   со ПЦР тест, непотврден е еден  и седуммина   се   негативни, но со здравствени проблеми, па  имаат потреба од здравствена заштита.

„Нема  испишани пациенти како оздравени, примен е еден нов случај. На  континуирана кислородна поддршка се 10 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

На Инфективно одделение згрижени се 22 пациенти и четворица на Интерно.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »