речник контакт

И натаму повеќе оздравени отколку ново заразени, почината е жена позитивна на ковид-19

Во Болница се 88 пациенти, активни случаи во велешко се 667

Петар Печков

И натаму во велешко има дневно повеќе оздравени отколку ново заразени со корона вирусот. Според бројките за изминатите 24 часа на Институтот за јавно здравје, така е и денес.   Во велешко има 30 оздравени пациенти а ново заразени со ковид-19 се 19, по што актинии случаи има 667 а досега се заразиле 5.261 лице.

„Почината е пациентка на 83 годишна возраст од Велес, позитивна, лекувана четири  дена на Инфективно одделение. На кислородна поддршка се 38 пациенти“ - кажа д-р Елеонора Јованов портпарол на Општа Болница Велес.  Бројот на починати лица до велешко, по последиците од ковид-19 е 159.

Во велешка Болница вкупно се хоспитализирани 88 пациенти,  од кои 74 се потврдени позитивни, четворица  сомнителни  и десет  пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.

Во Инфективно одделение се 35, на Интерно девет и на Физикално 11, додека во  Модуларна болница 33 пациенти. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »