речник контакт

И натаму се намалува бројот на активни случаи со ковид-19 и на лежечки пациенти во Болница

Досега во велешко биле заразени 5.338 лица

Петар Печков

Шеснаесетти ден во велешко им повеќе оздравени отколку ново заразени со ковид-19, покажуваат бројките на Институтот за јавно здравје. Изминатите 24 часа регистрирани се 28  оздравени пациенти и 16 ново заразени. Досега во велешко  биле заразени  5.338 лица а активни се 602 случаи.

„Во велешка Болница починати се двајца пациенти, маж на 74 годишна возраст, позитивен од Велес лекуван четири  дена на Инфективно одделение и жена на 70 годишна возраст, позитивна од Св. Николе, лекувана четири дена во Модуларната болница. На кислородна поддршка се 37 пациенти. Испишани се шест  пациенти како оздравени со по еден негативен тест“ - соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.

Во велешка Болница вкупно се хоспитализирани 83  пациенти,  од кои  на Инфективно одделение се 39, по шест на Интерно и Физикално и во Модуларната болница  се 32 пациенти.  Потврдени позитивни се 65, двајца се  сомнителни  и 16  пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »