речник контакт

И ние можеме порачаа со танц, глума, рецитирање лицата со попреченост

Лицата со попреченост се дружеа вчеравечер со велешани во Младински парк

Петар Печков

Лицата со посебни потреби од Велес  упатија порака ,,И ние можеме,,. Вчеравечер во Младинскиот парк, тие на мултимедијален настан  се преставија со танц, рецитирање,  глума, поезија. Децата  и лицата од институциите кои ги  згрижуваат ги собраа аплаузите од велешани, во заедничкото дружење.

На повеќе штандови со свои рачни изработки и постигнувања се претставија лицата со попреченост. Тие  своите способности и можности  ги покажаа во изведбата на кратка театарска претстава заедно со актерите од Велешкиот театар, како и со рецитали на лична и поезија од други автори. Целта е подигнување на јавната свест за лицата со посебни потреби  за нивните можности и способности - рече  Мирјана Дамјановиќ, дел од ЦПЛИП ,,Порака,, организатор на настанот. 

Пред присутните Зорица Палитова се претстави со дел од нејзината поезија, објавена во три книги, потоа заедно  со актерите од велешки театар се одигра кратката претстава ,,Волк и мачор,,. 

Во музичкиот дел настапија женскиот состав   "The Chicks" и балетското студио "Анабела" од Велес. Овој настан е како дел од проектот "Попреченоста е прашање на перцепција" на ЦПЛИП ,,Порака,,  од  Велес,  е финансиски поддржан од ЕУ.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »