речник контакт

И новите членови на Советот на Општина Велес ги добија уверенијата

Кои се новите 23 советници. После осум години, во овој состав има членови од партии кои не се од СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ или нивните коалициски партнери. Драган Димески го доби четвртиот мандат со што стана советник со најдолг стаж

Петар Печков

Пладневно и новите членови на Советот на Општина Велес ги добија уверенијата. Од 23 нови советници во  големата сала на Општина Велес беа присутни 21.  Отсутни беа Нада Јованова и Игор Смилев.

После два мандати, осум години Советот е повеќе партиски, оти изминатите осум години имаше претставници само од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ и од партии кои биле на нивните коалициски листи. Есенва влегоа и членови од други две партии, од Левица и ДУИ.

Советот на Општина Велес кој брои 23 члена, според официјалната распределби на местата е во следен состав: ВМРО-ДПМНЕ со 11, СДСМ со осум, Левица со три и ДУИ со едно место. 

Составот по имиња е следен:
Од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата -  ЗОРАН    ЉУТКОВ,  КОСТА    НОЈКОВ, ВЕСНА    АТАНАСОВСКА,  НАДА    ЈОВАНОВА, ДЕЈАН    ПАЛАШЕВ , КИРИЛ    ЛАЗОВ, ДРАГАН ДИМЕСКИ,  ИГОР СТОЈАНОВ , МЕНКА    АНДРЕЕВА, ЕЛИЗАБЕТА МИТРЕВСКА-АНЃЕЛЕСКА, ДАНИЕЛ ЈАНЕВСКИ.

Од СДСМ и коалицијата - МАРЈАНЧО НИКОЛОВ, КАТЕРИНА ЕФРЕМОВА, ТОДОР  ЈАКОВЛЕВСКИ, МИЛИЦА РИСТОВСКА ТЕМЕЛКОВСКА , ЌИРИЛ   ГАЈДОВ, РУЖИЦА ПЕТРУШЕВСКА-НИКОЛОВСКА, МЕНСУР БАЧЕВАЦ, ПАНДОРКА ЛАЗАРОВСКА ПРЛИЧКОВА

ЛЕВИЦА - ДИМИТАР АБРАШЕВ,  ИГОР СМИЛЕВ, МАРГИЦА УРУМОВА
ДУИ -   НЕВЗАТ    МУАРЕМОВСКИ  

За одбележување е што советникот Драган Димески со овој мандат,  четврти по ред, прв пат влезе во 2009-тата, па во 2013-та, во 2017-та  и денс во 2021 и со тоа стана советник со најмногу мандати во 25 годишното постоење на Советот на Општина Велес, кој постои од 1996-та. Димески доаѓа од партијата ПОДЕМ а влегува како коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ.

На локалните  изборите  одржани на 17-ти октомври гласале  52,22 % од запишани 45.892 гласачи, или во бројки 23.963 .
Бројот на освоени гласови за советници е следен:
ВМРО-ДПМНЕ  44,8%
СДСМ 30,90%
ЛЕВИЦА 12,99%
ДУИ  3,34 %
БДС  2,27 %
ЛДП/ДОМ  0,54%
Твоја Партија 0,48%
ИНТЕГРА -0,43%
Единствена Македонија  -0,33%

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »